„Отворен Балкан“ добива сè поголема поддршка од младите до 29 години – анкета на Институтот за политички истражувања

За 21 процентен поен порасна поддршката за регионалната иницијатива „Отворен Балкан“, од 42,4 на 63,3 отсто, покажуваат податоците на последната анкета на Институтот за политички истражувања Скопје.

Според анкетата младите особено ја препознаваат важноста на зголемената регионална соработка меѓу  Македонија, Албанија и Србија, па 70,9 отсто од испитаниците на возраст меѓу 18 и 29 години дале позитивна оценка за „Отворен Балкан“.

Оваа иницјатива исто така е поденакво, високо популарна кај сите етникуми во земјава.

Advertisements

Позитивно за зголемената регионална соработка и економска интеграција меѓу Македонија, Албанија и Србија одговориле 62 отсто од испитаниците кои се декларираат како Македонци и 67 отсто од испитаниците кои се декларирале како Албанци. Ваквите проценти покажуваат дека „Отворен Балкан“ е точката за која во државата има речиси национален консензус.

Негативно иницијативата „Отворен Балкан“ ја оцениле само 15,9 отсто, што е драстична промена од анкетата пред три години кога речиси 40 отсто од граѓаните биле скептични кон оваа иницијатива.