Агенција за храна и ветеринарство: Овошјето и зеленчукот се безбедни за јадење, некој ширел паника дека имаат тешки метали

Негативни се сите резултати за наводни резидуми од метали или присуство на тешки метали во овошјето и зеленчукот. Не знам која беше целта да се шири паника меѓу граѓаните, изјави директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) Николче Бабовски.

Тој на прес-конференција истакна дека ширење лажна паника и тревога е кривично дело, а дали АХВ ќе поднесе пријава за тоа ќе се знае наредните денови.

„Изгледа некој некого излажал или некој помешал микро и милиграми, рече Бабовски, одговорајќи на новинарски прашања.

Advertisements

Тој порача кога се излегува да се каже нешто, тоа треба да биде точно и вистинито.

Пред два дена Цветан Трипуновски од ВМРО-ДПМНЕ на својот фејсбук профил сподели информација според која олово, кадмиум и арсен се пронајдени во домат и краставица.

Тоа, како што наведе Трипуновски, го покажуваат најновите извештаи за анализи направени од Државната фитосанитарна лабораторија