Падна првата официјална оставка од функционер на СДСМ

Членот на Советот, екс претседавачот Kирил Гајдов од СДСМ, си поднесе оставка

Причината за овој чин тој ја посочува во изборните резултати и дека е време да дојдат нови луѓе во партијата

Advertisements

Членот на Советот на Општина Велес, Kирил Гајдов, од листа на СДСМ, си поднел оставка на оваа позиција.Тој ја потврди оваа информација. Неговото образложение е дека треба да се најдат нови лица на политичката сцена, по катастрофалниот пораз на парламентарните и претседателски избори.

„Време е да дојдат нови помлади кадри.Оваа моја оставка треба да е мотив, директно или индиректно инволвираните учесници во ваквиот тежок и срамен пораз, да заминат. СДСМ е голема партија, која носела големи одлуки кои луѓето не ги препознаа. Имаа можност да се европеизираат, одлучија да се антиквизираат, да гледат во ретровизор наместо во иднината“ – кажа Гајдов.

Тој во претходниот состав на Советот на Општина Велес септември 2020 – октомври 2021 беше претседател на Советот. А во овој мандат е координатор на советничката група на СДСМ.

Следен на кандидатската листа на СДСМ за локалните избори 2021 беше Трајче Миланов. Неговиот мандат треба да го верификува Советот на Општина Велес, откако по поднесената оставка до Општина Велес од страна на Гајдов, локалната власт се обраќа писмено до ОИК Велес, која ги информира кој е следен на канидатската листа.