Парното ќе поскапи, еве колку по ново ќе изнесува просечна сметка од 1.800 денари

Цената на парното греење од утре се зголемува за 4,51 отсто, а поскапувањето се однесува на потрошувачите кои се приклучени на најголемиот систем во Град Скопје и кој снабдува 58 илјади потрошувачи, најави претседателот на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ), Марко Бислимоски на прес-конференција.

Според Бислимоски, покачувањето од 4,51 отсто на сметка од 1. 000 денари ќе значи зголемување од 45 денари, а на просечна сметка од 800 денари, колку што е во Скопје, тоа ќе биде 80 денари.

Претседателот на РКЕ одлуката за поскапувањето ја оправда со тоа што имало реално високи трошоци за природен гас во првите три месеци од годината и поради тоа што се враќа дел од позајмицата која ја има дадено Владата.

„Оваа одлука не ја носевме се додека не добивме цврсто уверување дека ќе почне поставувањето на цевководот на мостот ’Беласица’. Што тоа значи во пракса? Цената на топлината која ја утврдивме и за ТЕ-ТО со оваа одлука е за повеќе од два пати пониска отколку што е цената на топланите во Град Скопје. Дополнително, преточено во сметка ако не би постоело ТЕ-ТО зголемувањето би било околу 60 отсто. Поради тоа инсистиравме што е можно повеќе да ја искористиме придобивката од ТЕ-ТО имајќи во предвид дека оваа топлинска енергија е повеќе од два пати поевтина отколку цената на топланите“, вели Брслимовски.

Advertisements