Партиските кадри и реализирањето на антимакедонската агенда на власта се дрзнуваат да ја забранат македонската историја за најмладите, иако народот ги плаќа да работат во негов интерес, реагира Левица.
„Партиските полтрони во управниот одбор и директорот во градинката „Срничка” се дрзнаа да забрануваат македонски песни каде се опејуваат херои од македонската историја со цел да им се додворат на властите, кои ги поставиле на позицијата и со антимакедонската и врховистичка агенда на негирање и бришење на историјата се оддолжуваат на пробугарската СДС за позицијата на која ги поставиле. Ова однесување на партиските полтрони во управните одбори и директорката кадар од СДС во градинките на територијата на Општина Аеродром не смее да се дозволи и да остане не осудено од страна на општината и родителите на засегнатите деца“, се вели во партиското соопштение.