Министерке…Јас не знам Вие со која музика растевте, дали од дома Ви кажаа дека „Макфест” е основоположник на македонската поп музика, вели во својата реакција македонска пејачка и водителка Бојана Скендеровски до министерката за култура Бисера Костадиновска – Стојчевска, поради незадоволство од резултатите од конкурсот за поддршка на проекти од национален интерес.
Фестивалот Макфест, годинава доби многу скромни финансиски средства, односно само околу 6 ипол илјади евра кои секако се далеку од доволни за било каква организација на еден фестивал, а камоли на фестивал од рамките на Макфест.
„Министерке…Јас не знам Вие со која музика растевте, дали од дома Ви кажаа дека „Макфест” е основоположник на македонската поп музика,дека „Макфест” бил почетна точка на многу популарни пеачи,кои подоцна биле регионални ѕвезди,кои денес полнат концертни сали,и се нечии идоли…(Тоше беше еден од нив). Дали Ве научил некој ако не сте забележале сама, дека “Макфест” произвел илјадници песни и хитови со кои се градеа генерации, и така се создаваше припадност на еден народ?! Дали Ви купуваа касети како мала од „Макфест” и Ве учеа дека „Макфест” беше престиж на Југословенско ниво?! Дали сте свесни дека културата е сржта на идентитетот?! Дали сте чуле за традиција? – прашува Бојана и продолжува.