Пендаровски: Граѓаните надеж за правда гледаат во странски и меѓународни институции

Неверојатниот медиумски интерес со кој беше проследена посетата на таканаречениот „тим за санкции“ од САД е најдобрата потврда за недовербата која нашите граѓани ја имаат во домашните органи штом единствената надеж за правда ја гледаат во странските и меѓународни институции, порача претседателот Стево Пендаровски во годишното обраќање пред претениците во Собранието.

Во своето обраќање претседателот Пендаровски порача дека државата или ќе ги стави криминалците зад решетки во затвори од затворен тип, или некои со уркадените пари ќе продолжат да градат имиџ на чесни и доблесни граѓани.

„Точно е дека во последниот извештај на Транспаренси Интернешнл бележиме позитивен скок напред од дваесет и четири места, но, тоа е се уште под европскиот просек. Во оваа борба влогот е огромен: државата или ќе ги стави криминалците зад решетки во затвори од затворен тип, или некои од нив и понатаму, со парите украдени од народот ќе продолжат да градат имиџ на чесни и доблесни граѓани и да ги исмеваат сите останати од безбедна дистанца. Во тој судир меѓу криминалците и огромниот број граѓани со образ има две цели: прво, како држава да покажеме конкретни резултати, не само апсења за јавност, туку, изречени долгогодишни затворски казни и враќање на украденото, и второ, да се почитува презумпцијата на невиност, што значи, луѓето да не ги осудиме во јавноста пред да ги осуди надлежниот суд“, рече Пендаровски.

Advertisements

.