Во оваа, 2023 година, успешните економски мерки и политики ќе продолжат, 2023 година ќе биде година на економски пресврт, во која платите и пензиите ќе продолжат да растат, изјави на денешната прес-конференција портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска.
„Веќе во март месец, следува покачување на пензиите помеѓу шест и седум отсто за сите 330.000 пензионери.
Создадени се услови за ново зголемување на минималната плата за 10 отсто со што таа ќе изнесува безмалку 20.000 денари. Тоа ќе придонесе за усогласување, односно раст на платите во сите сектори. Во Буџетот за 2023 година, предвидени се 800 милиони евра за капитални инвестиции со што ќе се поттикне економскиот раст, кој според проценките на ЕБОР оваа година ќе биде околу 2,3 отсто“, рече Кузеска.
Таа додаде дека активно се работи на привлекување нови странски директни инвестиции кои отвораат нови добро платени работни места кои ја намалуваат стапката на невработеност.
ПОВРЗАНИ СОДРЖИНИ
СДСМ: Неодговорна и штетна е одлуката на Владата да ги намали парите за борба против загад...
„Безбедноста и достоинството не се привилегија на најсилните“ - 16 дена активизам против н...
Македонскиот јазик и говорот на омраза - науката е најсилното оружје против политичката аг...
Детската клиника казнета со 5.200 евра - специјализанти прегледувале пациенти, наместо деж...
„ДПМНЕ и ЗНАМ станаа измеќари на ВРЕДИ“ - Левица бара расправа за Законот за бранителите в...