Почитувани граѓани и драги сопартијци, по изборните резултати, поднесувам оставка од мојата партиска функција, потпретседател на СДСМ, објави Перо Костадинов на социјалните мрежи откако синоќе излегоа првичнитр резултати од двојните избори на кои СДСМ доживеа дебакл.
„Најважни се слободата, мирот и напредокот на #Македонија. Граѓаните, денес гласаа на демократски избори, и на слободен начин ја изразија сопствената волја.
Како држава, можеме да продолжиме напред само преку заедништво и добронамерност. Потребни ни се внатрешни и надворешни партнерства, силни институции и интеграција на земјата во ЕУ. Сонот за подобар живот дома, е на сите нас.
Од 2013-2017 година тој беше секретар на ОО на СДСМ Валандово, а од 2021 е избран за претседавач на Централниот Одбор на СДСМ.
Во период од 2015 до 2017 е советник во Советот на Општина Валандово.
Од 2017 година како кандидат на СДСМ е избран за градоначалник на општина Валандово.
На локалните избори 2021 година е реизбран за градоначалник со нов мандат од четири години и избран е за потпретседател на ЗЕЛС.