(ВИДЕО) „Пет години тортура, за среќа правдата победува, не застанувај љубов моја“ – сопругата на Јанакиески потсети на голготата на незаконскиот притвор

Сопругата на Миле Јанакиески, Сања на социјалните мрежи објави видео како потсетување низ каква голгота помина поранешниот министер за транспорт и врски за кого судот во Стразбур утврди дека бил незаконски држен во притвор.

„Тешко е само да се изгледа ова видео од 5 минути, а камоли сето тоа да се преживее! Но, за среќа секогаш правдата победува и вистината излегува на виделина. Господ дава сила на праведните и храбрите! Велат големите луѓе имаат големи искушенија…па љубов моја не застанувај, продолжи да чекориш една нога пред друга, барај сила во себе, слушај го гласот во тебе кој те води напред како и досега, знам дека ќе успееш и ќе победиш, ќе победиме. Не застанувај и бори се за правдата зашто ја заслужуваш ти, ја заслужуваат твоите синови!“, напиша Јанакиеска на Фејсбук.