Петковски до Захариева: Ако промената на нашиот Устав е мала работа, зошто внесувањето на Македонците во вашиот е тешка и сложена?!

„Ако промената на нашиот Устав е така мала и едноставна работа, зошто тогаш промената на бугарскиот Устав и внесувањето на Македонците во него, што е дел од реалноста во Република Бугарија, е толку тешка и сложена работа? Нели граѓанските и етничките права и слободи се европски вредности?“.

Вака поранешниот претседател на Собранието, Тито Петковски, ја коментира изјавата на поранешната шефица на бугарската дипломатија Екатерина Захариева дека измената на македонскиот Устав не е голема работа, а Бугарите се дел од реалноста во Република Северна Македонија и тоа мора да се прифати.

„Бугарија има обврска според пресудата на Меѓународниот суд за човекови права, повторувана по 15-ти пат, да ги признае правата на Македонците во Бугарија и слободата на политичко организирање. Како членка на ЕУ, зошто Бугарија не ги признава и не ги извршува одлуките на Меѓународниот суд? Тоа ли е правна и демократска држава според европските стандарди и критериуми?“, прашува Петковски.

Advertisements