Околу пет лица облечени во униформи со фантомки на глава влегле во кафуле во Старата скопска чаршија, ги таргетирале сега двајцата убиени и им пукале во глава, објави порталот „Макфакс“.
Според неофицијалните информации, кога вооружената група влегла, викала никој да не мрдне, посочувајќи дека станува збор за рација. Во моментот на пукањето, немало многу луѓе во барот.
Освен убиени, како што пишува Макфакс, има и неколку повредени лица. Двајцата убиени биле во одделен дел на кафулето односно во горниот дел на објектот, во засебна канцеларија, каде што вооружената група ги затекнала. Овие неофицијални информации засега не можат да се потврдат, бидејќи од МВР велат дека се работи на настанот и со повеќе детали ќе излезат подоцна.
Порталот на албански јазик Без цензура објави дека убиените се Јетон Кривањева со прекар Жила и млад човек со прекар Љаци.