Петровска: „Со интегритет, кредибилитет и чесно работење ќе ја вратам довербата во СДСМ“

Кандидатката за претседател на СДСМ, Славјанка Петровска вчера ја претстави својата програма пред членовите на општинските организации во Карпош и Гази Баба.

Пред присутните, Петровска ги објасни своите постулати и приоритети во програмата за работа како идна претседателка на СДСМ.

„Мојата програма „Манифест на социјалдемократијата” во себе содржи прогресивни политики и враќање кон корените на СДСМ. Како дете на партијата, мојата цел е да го вратам СДСМ на власт. Со интегритет, кредибилитет и чесно работење, верувам дека ќе ја вратам довербата во партијата кај членовите и граѓаните на Македонија“ порача Петровска.

Advertisements

Петровска продолжува со средби со членовите на партија со цел тие подобро и поблиски да се запознаат со мерките и приоритетите во нејзината програма.