Почина Љупчо Јакимоски по кратко боледување

Во 61-та година од животот, по кратко боледување, почина Љупчо Јакимоски, поранешен директор на МИА и МРТ.

Љупчо Јакимоски е роден во 1961 година, во село Велестово, Охрид. Завршил Филолошки факултет во Скопје- група Историја на книжевностите на народите на СФРЈ.

Двапати е избран за пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, во првиот парламентарен состав, а потоа и во 1998. Истата година година е избран за генерален директор на Македонската радио телевизија, функција која ја извршува до 2002 година.

Advertisements

Во 2006 година е избран за директор и главен и одговорен уредник на МИА, на која функција е 11 години, се до 2017.

Љупчо Јакимоски ќе биде погребан во среда, 8 март, во неговото родно Велестово.