Почина бизнисменот Александар Маџаровски, сопственикот на „Мак Џинс“, компанија која со години наназад произиведуваше фармерки и тренерки со висок квалитет.
Скопјани во неверување се збогуваат со својот пријател. Александар, Аце, како што го викаа пријателите беше еден од творците на македонската модна сцена.
„Последен поздрав до скопската легенда, сопственик на еден од најдобрите бутици во Скопје „Мак Џинс“, творец на македонскиот бренд на фармерки „Мак Џинс“. Човек кој во секое време знаеше да се постави како помагател, пријател, другар и родител. Почивај во мир Аце, скопска легендо и еден творците на македонската модна сцена“, напиша бизнисменот Милорад Цајиќ-Цајо на „Фејсбук“.