Полиција во Судскиот совет – имало пријава дека некој влегува и пребарува во канцелариите

Полициски инспектори биле повикани од специјално формирана комисија на Судскиот совет за да утврдат дали се точни сомнежите на еден член дека некој му пребарува по канцеларијата, јави Телма.

Претседателот на Советот Сашко Георгиев потврди дека имало таква полициска акција во Судскиот совет во петокот, но засега не се соопштува дали нешто е откриено.

Како што јави ТВ Телма полициските инспектори ги проверувале камерите во Судскиот совет бидејќи член на оваа највисока судска институција се сомневал дека некој му влегува во канцеларијата и му претура по работите.

Advertisements

Во врска со претставката за корупција против врховен судија и член на советот, Георгиев изјави дека било постапено. Истрагата  сега ја води Обвинителството.

„Архивирањето на постапката, а потоа препраќање во обвинителството е редовна процедура“, додаде Георгиев