Полицијата казни 237 возачи во Скопје

Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден продолжи со контролите во областа на сообраќајот.

На територија на град Скопје изречени се вкупно 237 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 69 санкции, 18 мерки за возење без возачка дозвола, шест санкции за технички неисправни и нерегистрирани возила.

Изречени се 10 мерки за користење мобилен телефон при возење, шест мерки за минување на затворен сигнал (црвено светло).

Advertisements

Од МВР најавуваат дека сообраќајните контроли ќе продолжат и во наредните денови.

„Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта“, велат од МВР.