Полицијата казни 881 возач за брзо возење

Во текот на вчерашниот ден Министерството за внатрешни работи спроведе акциска контрола на територијата на Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 881 возач.

Од нив 70 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а 14 возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволенота брзина. Притоа, 484 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 397 надвор од населено место.

Advertisements

„Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заедничким да придонесеме за побезбедни патишта“, се вели во соопштението од МВР.