Во текот на вчерашниот ден во периодот од 12.00 до 16.00 часот на територијата на Република Македонија од страна на Министерството за внатрешни работи(МВР) спроведена е акциска контрола на возила што вршат јавен превоз на ученици.
При контролата констатирани се 37 сообраќајни прекршоци за автобуси што вршат превоз на ученици, а на вонреден технички преглед биле упатени четири возила.
Од МВР најавуваат дека сообраќајните контроли за зголемување на безбедноста на учениците од дома до училиште и од училиште кон дома продолжуваат и во наредните денови.
„Апелираме до сите да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи и на тој начин сите заеднички да придонесеме да се зголеми безбедноста на децата и на сите нас“, велат од МВР.