МВР попладнево спроведува голема полициска акција во Скопје во која се приведени улични дилери на дрога. Меѓу уапсените била и учителка од едно скопско основно училиште.
Како што велат првичните неофицијални информации уапсените дилале амфетамин, но повеќе информации засега не се откриваат.
Од МВР потврдуваат дека во тек е полициска акција, но повеќе детали најавуваат за утре.