Полицијата сопрела мортус пијан возач – имал 2,12 промили алкохол во крвта

МВР вечерва информира дека се изречени 65 санкции за брзо возење на територија на СВР Битола, меѓу нив казнет е и професионален возач со измерени 2,12 промили алкохол.

„Денеска (31.01.2023) во периодот од 14 до 19 часот на територијата на СВР Битола спроведена e засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваaт возило со брзина поголема од пропишаната, при што санкционирани се 65 возачи. Меѓу санкционираните е и  професионален возач, кај кого при контрола се  измерени 2,12 промили алкохол. Притоа, 46 од санкционираните возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 19 надвор од населено место. На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци“, информира МВР.

Засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови.

МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.