Полицијата тврди дека го намирисала „бомбашот“ што се закануваше во Делчево, засега не открива кој е осомничен?

МВР е при крај со истрагата за дојавувачите кои испратија заканувачки пораки во Делчево, иако министерот Оливер Спасовски кој денеска беше во посета на Куманово не открива дали имаат осомничени.

Тој најави дека ќе има проширување на истрагата, а безбедносните служби заеднички ќе ги зајакнат капацитетите за да можат да се одбранат од каков било хибриден напад.

МВР, претходно објави дека во полициската станица во Делчево на 17 декември било пријавено дека маж телефонски упатил лажна закана за наводно поставени бомби на неколку локации во Делчево.

Advertisements

„Треба да се вклучиме во борбата сите за да ги спречиме овие закани и напади. Веќе сме во фаза на расчистување и се надеваме дека наскоро ќе го расчистиме случајот со пријавување на бомби во Делчево. Полека откривачката дејност во овој дел се шири, меѓутоа хибридните закани што доаѓаат и кои сметаме дека се дел од испреплетување на геостратешките интереси токму на нашата територија се напади за кои е потребно заеднички да дадеме одговор“, вели министерот Спасовски.

Македонија е цел на хибридни закани, но власта смирува дека нема загрозување на безбедноста.

И земјите во соседството се соочуваат со заканувачки пораки кои се испараќаат по електронски пат, но во соработка со Европол и Интерпол веќе се детектирани заканувачите.