Поминаа осум години од масакрот во „Диво насеље“ – во Куманово панихида во чест на загинатите

Во Соборниот храм „Свети Никола“ во Куманово денеска, во организација на група бранители од Куманово, ќе се одржи панихида во чест на осумте загинати припадници на безбедносните сили во кумановската населба „Диво насеље.

Во престрелките животот го загубија Љубиша Аранѓеловиќ, Бобан Ивановиќ, Горан Илијевски, Жарко Кузмановски, Исамедин Османи, Сашо Самојловски, Ненад Серафимовски и Горан Стојменовиќ, кои посмртно се одликувани со медали за храброст.

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на неговиот фејсбук профил објави статус за годишнината од трагичните настани во Куманово.

Advertisements

„Судските архиви сведочат за „терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедност“, така што овој крајно вознемирувачки и трагичен настан засекогаш ќе остане во колективната меморија на кумановци како голема траума, а граѓаните од целата држава ќе паметат дека нарачателите не ја остварија својата цел да ја одржат неизвесноста во која режимот ги држеше во заложништво државата и граѓаните. Хероите живеат вечно! Никогаш да не се повтори!“ – напиша Спасовски.