На гостувањето во подкастот „ВМРО ДПМНЕ зборува“, претседателот на Унија на млади сили и пратеникот од редовите на ВМРО ДПМНЕ, Сергеј Попов, говореше за фактот дека државата има слух за младите и дека младите нема да бидат заборавени од власта, како што бевме сведоци на минатото, туку дека ќе бидат приоритет.
„Ние како партија во првите 100 дена излеговме со повеќе мерки, проекти и понуди кон младите луѓе, отколку СДС што имаше направено за 7 години. Навистина сум многу горд на тоа што го прави Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ. Би сакал да заклучам дека по сеопштата нормализација на состојбите во државата, младите луѓе можат да констатираат дека Македонија почнува да личи на нормална држава и Македонија почнува да личи на држава која е мајка на своите млади луѓе, а не маќеа”, истакна Попов.
Тој нагласи дека младите луѓе во Македонија добиле партнер во Владата и дека Македонија ќе биде мајка на своите млади. Исто така ги потенцираше мерките кои што се најавени за младите од страна на Владата.
„Ветени се 18,5 милиони евра за реконструкција на студентските домови, вработувања на 600 млади специјализанти, поддршка за отворање на бизнис до 30 илјади евра, 250 евра за сите студенти за електронски уреди, како и многу други проекти”, истакна Попов.
Тој направи разлика помеѓу минатиот и сегашниот премиер на државата. Минатите премиери само ја срамеле државата, додека сегашниот премиер Мицкоски ја претставува гордо и достоинствено државата.
„Премиерот Христијан Мицкоски во првите 100 дена ветува електронски уред, субвенција за сите студенти во Република Македонија, додека минатиот премиерот на СДС, 7 години мака мачеше како да обезбеди учебник да се испринта за секое дете“, констатираше Попов.