Вината за неплаќањето на данокот на имот и на некои други давачки да не ја барате во жителите, зашто не им било побарано да плаќаат. Одговорноста за ова е во претходното раководство на Општината, вели Ридван Ибраими, актуелниот градоначалник на Арачиново на чие барање била направена ревизија во Општината.
Тој на прес конференција рече дека неправилностите што ги констатирал државниот ревизор во Општината се случиле во времето на претходната градоначалничка, Миликије Халими од СДСМ.
„Мора да се потенцира дека тоа е за претходниот градоначалник и за управителите кои биле должни да работат како што треба. Се што стои таму е дека претходникот на тој начин ја водел општината“, вели Ибраими.
Тој додаде дека Општината ја презел со многу неправилности и сомнитечни активности и дека е потребна одговорност за таквите состојби.
Ибраими информира дека е опточнат процесот на заведување на имотот, впишани се над 2 илјади куќи и близу 200 семејства веќе ги платиле давачките, а во тек е запишувањето на уште близу 500 имоти.
Државните ревизори констатирале дека Општината Арачиново во текот на претходниот мандат, не наплаќала даноци од граѓаните и од фирмите, советниците наплаќале надоместоци иако нема докази за одржани седници и нивно присуство, а на градоначалничката и бил отпишан долг кој требало да го покријат фискални сметки од угостителски објекти, кои, наводно, биле украдени.