Финансиската полиција утрово го привела екс директорот на Службата за општи и заеднички работи на Владата (СОЗР) Пецо Мирчевски, јави Сител.
Според последните информации, во моментов се вршат претреси во неговиот дом.
Полицијата го сомничи за случаи поврзани со злоупотреба во Службата за општи и заеднички работи на Владата.
Се проверуваат случаи поврзани со злоупотреби во делот на јавните набавки.
Основното јавно обвинителство Скопје потврди дека заедно со Управата за финансиска полиција презема дејствија за обезбедување докази во предмет за кривични дела примање поткуп, давање поткуп, проневера во службата и несовесно работење.
Пеце Мирчески на директорската функција беше седум години, од јуни 2017 до јуни 2024 година.