Поројот го затвори патот од Градско кон Прилеп, кај Плетвар има свлечиште

Сообраќајот на регионалниот пат Градско-Прилеп утринава е во целосен прекин поради поплава, соопшти Центарот за управување со кризи (ЦУК).

Дождот предизвика излевање на Раечка река на местото каде што се градат нови два тунела и го направи патот непрооден.

АМСМ претходно соопшти дека на клучката кај „Мотел Дреново“, на коловозот има големо количество вода, а кај Плетвар пред тунелите имало свлечиште и одрон од карпи.

Advertisements

Од ЦУК велат дека се преземаат мерки за расчистување и на терен се тим од Полициската станица Градско и екипа со механизација која што работи на испумпување на водата и расчистување на патот.