Премиерот Христијан Мицкоски денеска оствари работна средба со министерката за финансии Гордана Димитриевска Кочовска и со министерот за социјална политика, демографија и млади Фатмир Лимани, на која беше финализирана конструкцијата на проектот за зголемување на пензиите, соопшти владината прес-служба,
Со овој проект, како што се наведува, повеќе од 300 илјади македонски пензионери ќе добијат повисоки пензии почнувајќи од оваа година.
Ваквото изборно ветување кое ќе добие своја конечна форма ќе биде разгледано на првата седница на Владата, што ќе се одржи утре. Новата Влада останува посветена на исполнувањето на своите ветувања и продолжува да работи со посветеност за добробит на сите граѓани, се вели во владиното соопштение.