Притисок врз пратеник е кривично дело, нема што да се разговара за уставните измени – Рашела Мизрахи

Пратеничката и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ Рашела Мизрахи во контекст на уставните измени и најавите на власта дека ќе разговара со секој пратеник поединечно вели дека притисокот врз пратеник е кривично дело.

„Маричиќ се заборава дека припаѓа на законодавната власт додека пратениците припаѓаат на извршната власт што значи дека пратениците можат да го свикаат него да одговори на одредени прашања, а не тој нив. Инаку притисок врз пратеник е кривично дело и тоа треба да го знае како член на Владата“, рече Мизрахи во емисијата „Заспиј ако можеш“ на телевизија Алфа

Мизрахи повтори дека ставот на пратеничката група е повеќе од јасен со месеци и нема што да се разговара, нема услови за уставни измени.

Advertisements

„Иако владиното мнозинство константно заборува и е со полна уста за европски вредности и европска иднина тие забораваат дека основачкиот договор на Европската Унија се темели на 2 принципи тоа е право на држава, владеење на правото и економски развиени држави“, вели Мизрахи.

Таа посочи дека во овој случај живееме во држава која не е ни најмалку правна држава, бидејќи, како што рече, ние имаме клептократска Влада

„Доколку немаше криминал и корупција ќе видевме нешто од oгромниве буџети во јавност. Ние гледаме дека само се празни буџетот, а нема ништо“, рече Мизрахи.

Според пратеничката Мизрахи, Буџетот на Република Македонија завршува во нечии џебови што значи дека данокот на граѓаните не се враќа назад кај граѓаните, а тие само преживуваат коруптивен систем.