Приведен тетовец за издржување на двегодишна затворска казна

Вчера околу 18.00 часот на улица „180“ во Тетово, полициски службеници на СВР Тетово го привеле 59-годишниот тетовец Н.Е., соопштуваат од МВР.

За него била издадена судска наредба со која се барал за издржување на затворска казна во времетраење од две години.

Н.Е. бил спроведен во Казнено-поправната установа Затвор Идризово во Скопје за издржување на казната.

Advertisements