Приведено лице по распишани потерници, осудено на над 7 години затвор

Денеска во 12.00 часот во близина на трговски центар на подрачјето на Карпош, полициски службеници од Оперативен тим – потраги при СВР Скопје го лишиле од слобода Д.М.(39) од Скопје. Тој се барал по централна потерница, врз основа на наредба од Казнeно-поправна установа „Идризово“, каде бил осуден на казна затвор во трање од 7 години и 3 месеци за сторени кривични дела разбојништво, по член 237 и тешки кражби по член 236 од Кривичниот законик, каде имал за доиздржување имал уште околу 2 години и 3 месеци. Воедно, за него била распишана и централна потерница од ЕВР Бит Пазар за постоење основано сомнение за сторено кривично дело „тешка кражба“.

Притоа, кај него биле пронајдени и одземени повеќе предмети кои потекнуваат од кривични дела. Д.М. е приведен и при извршен службен разговор признал едно разбојништво, кражба, како и десетина тешки кражби од возила, извршени во текот на јануари и февруари 2023 година, на подрачјата на ЕВР Карпош и на ЕВР Центар.

Тој ќе биде спроведен во казнено-поправната установа, а по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Advertisements