Професионалци на чело на Агенцијата за разузнавање – Сиљановска потпиша за Габриела Јаковлева и Ивана Стојановска

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска донесе одлука за именување на Габриела Јаковлева за директорка на Агенцијата за разузнавање и одлука за разрешување на досегашниот директор Еролд Муслиу, информира кабинетот на претседателката.

Претседателката Сиљановска Давкова денеска ја разреши заменичката директорка во Агенцијата за разузнавање Александра Бакреска Додовска и ја именуваше Ивана Стојановска.

Габриела Јаковлева и Ивана Стојановска се долгогодишни професионалци во Агенцијата за разузнавање.

Advertisements

Претседателката Сиљановска Давкова овие одлуки ги донесе согласно нејзините уставни и законски надлежности.