Во сабота попладне ќе има локално наоблачување со краткотраен пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Нестабилно ќе биде и во делови од Скопската котлина, соопшти УХМР.
Утре максималната температура во Македонија ќе се искачи до 24 степени.
Во недела времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец.
Под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса во понеделник на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен југозападен ветер.
Кон крајот на денот и во текот на ноќта ќе започне да дува засилен северен ветер што ќе услови на планините и на некои повисоки места врнежите да преминат во слаб снег.
Во вторник ќе биде ветровито и студено со значително пониски температури.