Противзаконски е да има графа за етничка припадност во изводите – Борче Давитковски

Откако министерот Кренар Лога најави дека новите изводи од матично ќе имаат графа за етничка припадност професорот Борче Давитковски во изјава за ТВ Алфа вели дека ниту еден министер не смее на овој начин да интервенира во законските решенија и дека документот со кој се налага впишување етничка припадност во изводите треба веднаш да биде повлечен.

Според Министерството за правда, графата за етничка припадност била воведена за да се спречат злоупотребите при вработувања во јавната администрација, односно балансерот за правична застапеност.

„Согласно Законот за матични книги таква графа не постои. Со подзаконски акт се врши операционализација  на законот. Тој може само да дополни за место на живеење на пример. Или пак за други ситници, но не може нови услови да предвидува, тоа е исклучиво против законите. Како министер не смее тоа. Ако оди на Уставен суд тоа ќе падне“, вели Давитковски за Алфа.

Advertisements

Етничката припадност е индивудуално чувство и не може да биде бирократски одредена. Можеби има некој чиј родители се Албанци, а се чувствува како Македонец, или пак, има турско име и презиме а за себе смета дека е Албанец. Ова претставува флагрантно прекршување на основното човеково право за сомоопределување.

„Тоа е лично право, јас денеска можам да бидам вонземјанин, може Американец да се проискажам. Доколку во законот  постои графа, тогаш добро, но бидејќи нема треба подитно да го повлече Упатството. Но, јас знам зошто се прави тоа, зошто има злоупотреба. Но треба еднаш ние во Македонија поради неколку граѓани да не ги почитуваме основните човекови права“, вели професорот Давитковски.