По вчерашниот говор на претседателот Стево Пендаровски во која побара извинување од Софија за депортацијата на македонските Евреи во Треблинка, за време на Втората светска војна, со реакција се огласи претседателот на бугарската „Фондација Македонија“, Виктор Стојанов, кој на својот Фејсбук профил порача дека „Пендаровски ќе одговара посебно за својот неонацизам“.
„Претседателот на Северна Македонија Стево Пендаровски ја оправдува нацистичка Германија за смртта на 11.000 Евреи, обвинувајќи го Кралството Бугарија. Нема место за нацисти во Европската унија! А Пендаровски ќе одговара посебно за својот неонацизам и наскоро ќе го разбере!“, пишува Стојанов.
ПОВРЗАНИ СОДРЖИНИ
Македонскиот јазик и говорот на омраза - науката е најсилното оружје против политичката аг...
Детската клиника казнета со 5.200 евра - специјализанти прегледувале пациенти, наместо деж...
„ДПМНЕ и ЗНАМ станаа измеќари на ВРЕДИ“ - Левица бара расправа за Законот за бранителите в...
„Tреба да трчаме трка со 110 метри со пречки, а ЕУ да си го исполни зборот“ - Мицкоски за ...
Голем успех и признание за Македонија - Шекеринска стана заменик генерален секретар на НАТ...