Политичката партија Левица на железничарите им го честита 9 април – Денот на македонските железничари.
Годинава се одбележува и 150 години од постоење на железницата во Македонија. Првиот воз од Солун во Велес пристигнал на 9-ти април 1873 година, а Работничкиот совет на Македонските железници на 8 април 1994 година ја усвоил одлуката со која 9 Април се прогласува за „Ден на македонските железничари”, потсетува Левица.
„Иако железницата е срце на државата, денес Македонски Железници се доведени до раб на преживување а фирмата е еден од најголемите должници во Република Македонија.
Вработените железничари, пак, се вистинските херои кои без редовна плата неуморно се трудат да го оддржат работењето на оптимално ниво. Освен плати во железницата не се исплатуваат ниту надоместоци но тоа не ги спречува вработените да ги извршуваат своите редовни задачи.
Левица – Трудов сектор како партиско тело на единствената пармалентарна партија на трудот во Македонија им порачува на железничарите дека единствено во Левица можат да гледаат сојузник во остварувањето на своите работнички права“, се вели во партиското соопштение.