Радев дециден пред Макрон: Задолжително е влегувањето на Бугарите во Уставот на РСМ пред да почнат преговорите

Институциите во РСМ мора со резултати да докажат дека навистина се залагаат за евроинтеграции. Ова го изјавил бугарскиот претседател Румен Радев на денешната средба во Брисел со францускиот претседател Емануел Макрон. Двајцата разговарале за теми од агендата на билатералната соработка и во рамките на ЕУ, јавуваат бугарските медиуми.

„Последната антибугарска кампања во РСМ, која доведе до редица кривични дела од омраза – палење и пукање врз бугарските културни клубови, како и насилство врз македонските Бугари, покренува прашања за улогата и одговорноста на институциите во земјата“, нагласил Радев.

Шефот на државата, како што пишува бугарски Труд.,потсетил дека„и Бугарија и РСМ ја прифатија преговарачката рамка предложена во рамките на француското претседателство со Советот на ЕУ, а вклучувањето на Бугарите во Уставот на РСМ е задолжителен чекор пред почетокот на процесот на преговори“.

Advertisements

„Забележуваме отсуство на политичка волја за реформи и уставни измени, а наместо тоа во државата се води уште една антибугарска кампања“, посочил Румен Радев.