Нов ценовен шок од денеска во продавниците – со повисока стапка од 10 отсто ќе се даночат сите видови замрзната риба, освен осличот, пастрмката и пангата, замрзнатите теста, млечните и сирни намази, сирењето и урдата, зденката, пармезанот, ајдемер и гауда кашкавалот, павлаката за готвење, растителните сирења и намази, објави телевизија Сител.
Листата производи што ја објави Сител за кои власта уверуваше дека ќе бидат само луксузни брои над илјада артикли.
„Меѓу нив и лутеницата, цвеклото, фефероните, мајонезот, сите видови апетисани, компоти, конзервирана храна, полнети макарони, тортињи, нудли. Поскпауваат и храната за децата – гризот, овесните снегулки, муслите, сладоледот, еурокремот, сите видиви бонбони, чипсот. По нови повисоки цени ќе се продваат и сите чаеви, тропското овошје, сите видово сушено овошје, сусамот, сончогледот, инстант кафињата, наполитанките, компотите, црниот бибер, мастиките, најголем дел од зачините. Маркетите веќе ја добиле листата производи и ги подготвуваат новите цени“, објави Сител.
Владата по итна постапка го донесе законот за повисоко ДДВ, но ветуваше дека ваквата мерка нема да удри по џебот на најголем дел од граѓаните.
Со зголемување на ДДВ во буџетот власта очекува да се соберат дополнителни 70 милиони евра.