Самуел Наумовски Вицкиус е борец за македонската кауза и нов потпретседател за меѓународна соработка на Македонски концепт

Во рамки на редовните партиски активности, Националниот Комитет на политичката патија Македонски Концепт, по предлог на претседателот Петар Богојески, го избра Самуел Наумовски Вицкиус за нов потпретседател за меѓународна соработка, информира Македонски концепт.

Самуел Наумовски Вицкиус со својата професионална кариера и образование во областа на меѓународните односи, дополнително ќе се ангажира како потпретседател на партијата и ќе работи на интеграција на Македонски Концепт во семејството на Европските народни партии и полна интеграција на Република Македонија во Европската Унија.

„Во исто време, на г-дин Самуел Наумовски Вицкиус, му беше доделена „значка на честа и посветеноста во борбата за македонската кауза”, како припадник и официјален застапник на политиките на нашата партија. Носителите на оваа „значка” се претставници на честа и достоинството на Македонски Концепт, задолжени истите да ги запазуваат со секое свое дело во приватниот и професионалниот живот во иднина. Да се биде „борец за македонската кауза” е голема чест, но и одговорност. Само чесни и достоинствени луѓе со личен интегритет и кредибилитет, може да се носат со товарот на каузата“, се вели во соопштението на Македонски концепт.

Advertisements