СДСМ: Новата влада ќе обезбеди по 200 евра месечно за секое прво вработување на младите

СДСМ има јасен план за европска Македонија, прецизна изборна програма со конкретни мерки и проекти, се вели во денешното партиско соопштение во кое е најавена мерка што се однесува на младите во земјава.

„Во фокусот на програмата е унапредувањето на животниот стандард на сите граѓаните, пред се поддршката за младите.

Новата влада на СДСМ ќе обезбеди по 200 евра месечно во првите 12 месеци за секое прво вработување на лица до 26 години.

Advertisements

Од особено значење за младите е европската иднина на државата. Младите сакаат да живеат во европска Македонија, со европски стандард, европски вредности и начин на живот.

Со СДСМ нема откажување од европскиот пат.

СДСМ посветено ќе работи на завршување на преговорите со ЕУ до 2028 година и членство во унијата до 2030 година“, порачуваат социјалдемократите.