СДСМ потроши повеќе пари отколку ВМРО-ДПМНЕ за сите 10 години, ништо не изгради – Илија Димовски

Во 5 години, колку што е на власт СДСМ потроши повеќе пари отколку ВМРО-ДПМНЕ за сите 10 години од своето владеење. За 5 години СДСМ ја задолжи многу повеќе Македонија отколку ВМРО-ДПМНЕ за 10 години, изјави за Детектор поранешниот пратеник на ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски.

„За 5 години, СДСМ не изгради ништо во споредба со ВМРО-ДПМНЕ кое на Македонија и остави патишта, спортски сали, катни гаражи..но во тоа време покрај Скопје 2014 се градеа автопати, се градеа експресни патишта, се изгради стадионот, спортската сала, булевари, 10 катни гаражи се изградија во Скопје, овие за 5 години ни 1 катна гаража немаат изградено.  Јас не го спорам квалитетот или неквалитетот, тука е прашање на вкусови“, изјави Димовски.

Advertisements

Тој понатаму рече дека во време на ВМРО-ДПМНЕ не беше изградено само Скопје 2014.

„Театар во Велес се направи, се набавија возови, се набавија противпожарни авиони, се набавија стотина возила за Брза помош. Средствата ги гледавме. Се градеа училишта, 100 милиони евра се потрошија за набавка на медицинска опрема. Во ред е критиката која што ја кажувавте, во насока дали тоа било неопходно или не било“, вели Димовски за Детектор.