Мицкоски ја води кампањата на Силјановска и таа е целосно маргинализирана. Зборуваат дека ја ценат како почитувана професорка, а Гордана нема програма, нема понуда пред граѓаните а нема ниту кампања. Мицкоски и ја води кампањата, со обвинувања, без план за иднината и без понуда пред граѓаните, реагира СДСМ во денешното соопштение.
„Ова е уште една потврда дека Силјановска е сосема под контрола на ДПМНЕ, реприза на Ѓорѓе Иванов. На граѓаните не им треба претседател кој ќе биде продолжена рака на Белата палата, партиски послушник. На граѓаните не им треба уште една катастрофа како во Скопје.
Граѓаните не сакаат изолација, туку членство во ЕУ.
Затоа, граѓаните на изборите ќе изберат европска иднина со СДСМ и Стево Пендаровски“, порачуваат социјалдемократите.