Од СДСМ велат дека апсењето на Артан Груби е политички договор, обвинувајќи ја владејачката ВМРО-ДПМНЕ дека има договор со ДУИ исто како што имала кога го пуштиле поранешниот вицепремиер да побегне од државата пред повеќе од една година.
-Како што се договорија да го пуштат, така сега се договорија да се врати. На овој начин, ВМРО со поддршка од ДУИ сака да го покрие најголемиот наркоскандал со 5 тони дрога, кој води до врвот на владата на Мицкоски. Но и бројни скандали со криминални тендери за кои повеќе од 80 дена нема никакви одговори. 161 тендер за семејна фирма на директорот на „Созара“, 51 тендер за пирамид билдинг, 74 тендери за „Ленди Груп“, 9 милиони евра за фирма со двајца вработени, 1,2 милиони евра тендер преку пошта за фирма блиска до „Знам“ – изјави Кузеска.
Таа нагласи дека граѓаните нема да добијат одговори на прашањата, но ќе добијат театар како денеска и дека станува збор само за договорена кампања поради падот на рејтингот на Мицкоски.
„Сакаше да се претставува како чесен, но по бројните скандали, скапите часовници и луксузирањата на грбот на народот со авион, веќе е прочитан од граѓаните. Копи-пејст по рецепт на Вучиќ, кој секогаш кога е под пад најавува некоја апсење“ – изјави Кузеска.
Од владејачката ВМРО-ДПМНЕ возвратија дека разбираат оти во СДСМ дека „се нервозни и фрустрирани зашто Артан Груби е уапсен“, и како што велат, сега може да изнесе податоци за аферите и криминалите за кои здружно работеле со Зоран Заев, Вице Заев, Оливер Спасовски, Венко Филипче.
„Затоа од СДС се обидуваат да ги затскријат трагите и на овој начин да се спасат себеси“, се вели во реакцијата.

