„Се бориме за професионалност, не за Mакедонци или Aлбанци, не за партии!“ – првиот синдикалец Тасевски за битката на контролорите на летање

Се бориме за професионалност, не за Mакедонци или Aлбанци, не за поединци, не за партии! Професионалци имаме, Mакедонци и Aлбанци, порача Александар Тасевски, претседател на Струковиот синдикат на контролорите на летање на Фејсбук  по упадот во М-НАВ.

„Некои невкусни коментари индиректно фрлаат дамка и врз нивната искрена работа и труд и нивната поддршка. Нека на овој голем празник, овие зборови допрат до вас, и со ладни глави, љубов во срцето, дозволете да бидеме сплотени, како што сме почнале“, пишува Тасевски.

Тој додава дека како професионалци ја надминале поделбата, затоа и успеале. Тоа е тајната и за просперитетна држава во каква сите посакуваме да живееме, вели првиот синдикалец Тасевски.

„Во нашата борба за професионалност која што ја водиме подолго време, би ве замолил сите да се придржиме кон истите. Здравје за сите инволвирани, мир и разум при нашите реакции, љубов за сите искрени поддршки, и сплотеност за нас, и тие што се борат за истите причини. Валканите игри, иако очекувани, ја отежнуваат нашата борба, но истотака и непромислените коментари и реакции кои иако во мал број, не ни одат во прилог. Ни мене, ни на ССКЛ како наше семејство. Би ве замолил, со мир, љубов и сплотеност, да не се расплиниме по етничка линија, нешто што некој друг се обидува да го направи, да не им помогнеме во намерата“, вели во својата божикна порака Александар Тасевски, претседателот на Струковиот синдикат на контролорите на летање на Фејсбук.

Фото: ТВ Сител