Се огласи Цветанка Ласкова – ќе ги врати ли парите, на ВМРО-ДПМНЕ не им е прв пат

Македонската пејачка Цветанка Ласкова вечерва реагира на Фејсбук, откако излезе информација дека ќе добие 300.000 денари од Министерство за култура за да организира концерт.

„Не ме изненадува реакцијата на Комисијата за култура на ВМРО-ДПМНЕ исполнета со навреди, омаловажување и невистини упатени кон мене. Не им е прв пат. Чувствувам обврска кон јавноста да објаснам дека јас, Цветанка Ласкова, не конкурирав за одбележување на 50 години од мојата музичка кариера.Тоа беше идеја на продукциското студио „City Sound DOOEL- Skopje“, кое ми се обрати со предлог за концерт, преку моето творештво како интерпретатор, да се опфати 5 деценискиот развој на македонската фолк и поп музика. Овој проект го прифатив со чест и задоволство, но и покрај одличната идеја, заради својот мир, инсистирам организаторот на проектот, да ги врати одобрените средства во Министерството за култура “, реагира пејачката Ласкова.