Се огласи официјална Грција за упадот на криминалната „Златна зора“ на изложбата на нашиот уметник Сергеј Андреевски

Грција нема да толерира беззаконие и заплашување на граѓаните, изјави портпаролот на грчката влада Акис Скерцос, во врска со инцидентот што се случи во Солун, откако членови на „Златна зора“ со маски на лицата, капи и качулки упаднаа на изложбата на македонскиот ликовен уметник Сергеј Андреевски.

Изложбата е поставена во галеријата на солунската општина Каламариа.

„Не постои никаква толеранција за т.н. паравоени нацистички групи, никаква толеранција за беззаконието, никаква толеранција за заплашувањето на граѓаните“, вели портпаролот Скерцос.

Advertisements

„Златна зора“ во 2020 година е прогласена за криминална организација со одлука на грчкиот суд.

Претходно, македонското МНР, информира за инцидентот кој се случил синоќа кога маскираната група упаднала во галеријата за време на изложбата и се обидела да ја прекине однесувајќи се непристојно и вулгарно. Oвој тежок инцидент за среќа поминал без физичко насилство или нанесена материјална штета, а поради вербалните закани била повикана полиција.