Одлуката која ја предложивте сега е незаконска, ваша е одлуката дали ќе гласате за неа, а наша обврска е нешто што е спротивно на законот да не го спроведеме.
Ова им го порача градоначалничката Данела Арсовска на советниците во врска со одлуката на Советот на град Скопје за спортските сали во скопските средни училишта кои ќе можат да ги даваат под закуп директорите на училиштата.
Спротивно на оваа одлука, пред околу две недели Совет на предлог на градоначалничката Данела Арсовска донесе одлука за нов правилник за издавање под закуп на имотот на Град Скопје со кој директорите немаа право да ги издаваат спортските сали или дворовите на училиштата туку, како што беше кажано тоа ќе го прави Градот.