Битолската полиција до Основното јавно обвинителство, поднесе кривична пријава против Б.А.(35) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „измама“.
Кривична пријава е поднесена и против Б.У.(38) од Прилеп поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „помагање“ во врска со кривично дело „измама“.
Првопријавениот Б.А., кој е на издржување казна затвор во казнено-поправната установа затворот „Идризово“, во текот на 2022 година во повеќе наврати измамил повеќе лица од различни градови од државата.
Тој им се јавувал телефонски и лажно претставувајќи им се ги доведувал во заблуда и им нудел различни услуги.
Додека, второпријавениот Б.У. со уште едно лице го организирале преземањето на парите. Откако ги земале парите го прекинувале контактот со лицата.