Секоја чест за Зоран Кардула – направи преубав подарок за девојчето со крофните од Нови Сад

Македонскиот графички дизајнер и сликар Зоран Кардула изработи постер со кој и оддава признание на малата Нина Нинковиќ од Нови Сад, која продаваше крофни за лекување на својот татко.

Ваквиот потег на нашиот уметник предизвика многу реакции на граѓаните на социјалните мрежи кои му честитаат на Кардула кој реши да ја овековечи битката што малата Нина ја води за лекувањето на нејзиниот татко.

„Нина девојчето со крофните“ морав да и направам постер како благодарност за нејзината љубов и борба да собере пари за лекување на својот татко. – би сакал некој од Нови Сад да ми пише за да му ја пратам припремата и ако е во можност да го испринта постерот за да ѝ го поклони на Нина, напиша Кардула на Фејсбук.

Advertisements

Нина ги обедини граѓаните на Нови Сад и Србија, кои деновиве во редици чекаа за да купат крофни. Со парите што таа ги собра од продажбата нејзиниот татко треба да замине на лекување во Москва.