На Конститутивната седница на Меѓуресорското тело за координација на активностите против корупцијата, амбасадорот на Европската Унија во земјава, Михалис Рокас, истакна дека корупцијата е голем предизвик за државата и дека е потребна забрзана промена за постигнување на реформите.
Заменик амбасадорката на САД, Никол Варнес, нагласи дека борбата против корупцијата е суштинска за економскиот развој и социјалната доверба.
Шефот на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, Килијан Вал, пак, посочи дека транспарентноста и спроведувањето на законите се клучни за успешна борба против корупцијата.
Рокас нагласи дека борбата против корупцијата е клучна за напредокот кон Европа и дека е потребна забрзана промена за да се постигнат поставените реформи.
-Корупцијата продолжува да биде предизвик, таа длабоко навлегува во порите на општеството и на граѓаните. Исто така, имаме и заложби за борба против корупцијата која што е напредок за патот кон Европа. Претходните влади исто се бореа против корупцијата, меѓутоа, тоа е задача на целокупното општество. Секоја институција, секој граѓанин има своја улога. Реформите бараат промена на менталниот склоп во рамки на институциите, во рамки на правниот систем, како и во менталниот склоп на поединците, рече Рокас.
Амбасадорот Рокас истакна дека Европската Комисија обезбедила препораки во извештајот за земјата, владеењето на правото и Судскиот совет, кои се вклучени во Реформската агенда. Тој нагласи дека агендата не само што ги идентификува конкретните рокови и цели, туку се неопходни финансиски средства за исполнување на планот на патот кон Европа.
-Нам ни е потребна поголем напредок за да го зајакнеме владеењето на правото и да воведеме нови законски основи како што е новиот Кривичен законик, а сето тоа е од клучно значење. Гледаме охрабрувачки знаци за активности преземени во однос на истражни постапки, апсења и правосудни пресуди. Исто така, и во одземање на нелегално стекнат имот. Но, важно е судовите, правосудните органи и полицијата да ги преземат своите одговорности, а правосудните власти мора да бидат соодветно финансирани за тоа. Државниот буџет мора да вклучува и финансиски средства кои што се веќе предвидени во одредени законски акти и тоа да биде опфатени исто така и во Реформската агенда, рече тој.
Според него, независното судство и регулаторните тела бараат и надзор кој што може да се обезбеди преку финансиска независност во една глобална рамка.
-Независноста на судството може да се гарантира не само преку финансиска независност, која ќе биде вградена во структурната рамка, но и со отсуство на злоупотреба на службените должности .Актерите мора да престанат да се мешаат во работењето на судовите и правосудните органи, и тоа да не се прави за политички цели, нагласи Рокас.